Фабриката за производство на мебел "11ти СЕПТЕМВРИ" повеќе од 40 години е една од водечките фабрики за производство на мебел во регионот. Главната дејност на "11ти СЕПТЕМВРИ" е производство на секаков вид мебел направен од дабово и буково масивно дрво и медијапан. Со повеќе од 4000m2 производствен погон нашата компанија произведува високо квалитетни продукти пласирани на повеќе пазари во регионот. Нашата главна цел е одржување на квалитетот и квантитетот на нашите производи притоа прифаќајки ги светските трендови на производство на мебел и следење на желбите на нашите клиенти. Следејќи ги глобалните трендови "11ти СЕПТЕМВРИ" произведува високо квалитетен стилски мебел со атрактивни линии перфектен за секој дом.